Интер доживеа сериозен удар пред натпреварот против Ајнтрахт Франкфурт во Лига Европа.

Утрово Раџа Наинголан поминал медицински тестови кои откриле дека белгискиот репрезентативец има повреда во мускулот на ногата.

Веста беше објавена на профилот на Интер на „Твитер“.

Ова е нова лоша вест за „нероазурите“, откако вчера се дозна и дека напаѓачот на тимот, Мауро Икарди повторно одбил да игра за тимот, поради наводна болка во коленото.

Аргентинецот е во конфликт со раководството на тимот поради одземањето на капитенската лента и тој нема настапено за гигантот од Милано од 9 февруари.