Европската ракометна федерација заедно со клубовите учесници во осминафиналето на Лигата на шампионите и ТВ куќите што ги имаат правата ги одредија термините за одигрување на натпреварите.

Екипата на Вардар во осминафиналето ќе игра со ППД Загреб, а на првиот натпревар домаќин е хрватскиот тим, откако тој е закажан за 23 март (сабота) 2019 година во 20,30 часот во Арена Загреб.

Реваншот во Скопје е закажан за 30 март (сабота) 2019 година во 19,30 часот.