Јапонскиот амбасадор Оцука Казуја синоќа беше гостин на концертот на јапонскиот оперски пејач Котетсу Казухиро на Меѓународниот фестивал за класична музика Интерфест во Битола, кој е познат на македонската јавност по тоа што пее македонски традиционални песни.
Котецу вчера на македонскиот народ му го честита 11 Октомври со „смрт на фашизмот, слобода на народот“.
Амбасадорот Оцука ја најави „Неделата на јапонски филм“, која ќе се одвива во Скопје и Битола од 3-ти до 10-ти ноември оваа година и ја нагласи важноста на ваквите настани и културната размена за развој на билатералните односи. Воедно, тој го спомна јубилејот кој ќе се слави во 2024 година – 30 години дипломатски односи помеѓу Јапонија и Република Северна Македонија, за што во амбасадата се веќе во подготовки достојно да го обележат.
Неодамна Јапонската амбасада објави повик за дизајн на идејно решение лого за одбележување на јубилејот кој се затвора на 20 октомври.
Амбасадорот Оцука ги покани битолчани да го погледнат филмовите кои ќе се прикажуваат во центарот на култура во Битола на 9 ти и 10 ти ноември.
Јапонската амбасада и Кинотеката на Македонија во соработка со Јапонската фондација по претставуваат 16-то издание на Недела на Јапонски филм во Кинотеката во Скопје и по четвртипат во Центарот на култура на Битола.
Котецу, вчера го честита Денот на народното востание на македонскиот народ 11 Октомври со партизанскиот извик „смрт на фашизмот, слобода на народот!“.
Јапонскиот оперски пејач, кој е претседател на Токиската опера, синоќа настапи во Битола со оперски арии и македонски народни песни, чии сопствени препеви ги промовира на својот канал на Јутјуб.