Предвремена отплата на двегодишните заеми на Грција од првиот меморандум за економски спас на земјата во 2010 година, најави грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во интервјуто за Блумберг, јави дописничката на МИА од Атина.

Мицотакис истакна дека со предвремената отплата ќе се испрати позитивен сигнал до финансиските пазари.

-Не само што сме фокусирани на растот, туку сакаме да бидеме сигурни дека соодносот на нашиот долг со БДП ќе продолжи да опаѓа со многу брзо темпо, објасни грчкиот премиер.

Паралелно истакна дека првата цел на Владата е да се врати државниот кредитен рејтинг и Грција пред крајот на годината да добие инвестициски степен.

-Сакам да продолжам да ја правам Грција многу атрактивна дестинација за странски инвестиции“, порача Мицотакис.