Македонија станува се повеќе увозно зависна од храна. Тоа го говорат и сите статистички податоци кои ги води државата во смисла на потрошени средства за увоз на храна на сметка на домашното производство кое е далеку намалено. Ситуацијата е повеќе од алармантна!

Ова во интервју за КУРИР го истакна Цветан Трипуновски, дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.

На оваа функција тој беше и пред четири години, во минатата техничка Влада. Затоа може најстручно да направи споредба за состојбите во кои се наоѓаат македонските земјоделци. И не му беше тешко оценката да ја даде веднаш велејќи дека ситуацијата е КАТАСТРОФАЛНА и АЛАРМАНТНА.

-Ситуацијата е многу покатастрофална од тоа што беше во 2020-та година, а тоа го говорат сите показатели, статистички и економски извештаи кои ги води и самото министерство. Таа ситуација се отсликува и на терен помеѓу земјоделците независно од кој дел на Република Македонија се наоѓаме. Едноставно, селата сега се уште поиспразнети од тоа што беа во 2020-та година, имаме се помалку земјоделци кои се занимаваат со земјоделство и во регистрите, но и во теренска активност. Македонија станува се повеќе увозно зависна од храна. Тоа го говорат и сите статистички податоци кои ги води државата во смисла на потрошени средства за увоз на храна на сметка на домашното производство кое е далеку намалено. Ситуацијата е повеќе од алармантна! Во оваа 2024-та година земјоделците се на прагот на исчезнување и Македонија станува се повеќе увозно зависна од храна, односно онаа домашна, квалитетна храна која некогаш сме ја имале за сопствените потреби и најголем дел за извоз што значело девизен прилив  за државата денеска е во сосема обратен правец. Оваа категорија на граѓани кои што се најзаслужни и за нашата економија и за нашата егзистенција е далеку под она ниво на кое некогаш сме биле, рече тој.

КУРИР

Трипуновски открива дека ако во 2016-та-2017-та година имало над 95.000 земјоделци  апликанти за поддршките  кои МЗШВ ги имало во тоа време, во 2023-та година во истите тие апликации за мерките и програмите имаат аплицирано некаде околу 65.000 земјоделци, што е сериозно намалување на бројот на земјоделци кои се занимаваат со земјоделство.

Тоа значи околу 30.000 земјоделци помалку. Ова, според Трипуновски, е сериозен удар бидејќи изминативе години сите погрешни политики и задоцнети мерки, ненавремено ангажирање на ресорното министерство и Владата, значи разочарување и напуштање на нивите ширум Република Македонија.

-Ако ги погледнеме по категории земјоделците, ќе видиме дека имаме сериозно намалување на сточниот фонд во Република Македонија, а ова го кажувам од аспект на производство на квалитетно млеко. Ако појдете сега на било која од полиците низ маркетите низ Македонија, ќе видите дека над 95% е млеко кое е од увозен карактер. Дали е тоа од соседна Србија, Црна Гора или така натаму, секакво е само не е домашно македонско млеко. Бројката се намалува затоа што изминативе години кога СДСМ е на власт, сите оние субвенции прво беа ненавремени за да ги поткрепат овие тешки моменти за земјоделците. Второ, сите оние мерки кои што требаше да ги има МЗШВ во смисла на модернизација, олеснување на производството, компензирање на трошокот, оваа инфлација која ја зафати Македонија, беа тотално промашување. Затоа денес имаме сериозно намалување на сточниот фонд во Македонија, истакна тој.

Трипуновски посебно се осврна на тутунарите во Македонија при крајот на откупната сезона.

-Ако некогаш Македонија произведувала  над 30 милиони килограми, денес таа бројка и реколта тежи некаде околу 15, што е преполовување на тоа што значи квалитетен тутун кој што е баран секаде низ светот. Тоа е затоа што изминативе години власта имаше неколку погрешни чекори што значеше разочарување на оваа категорија која што беше повеќе почитувана и ставена во една законска рамка за да биде профитабилна. Знаете дека власта во 2018-та го измени Законот за тутун и тутунски производи, дозволи увоз на тутун на сметка на домашното производство и со таа тенденција доведоа до тоа денес да имаме преполовено производство, истакна Трипуновски.

Во интервјуто за КУРИР говореше и за оризопроизводителите кои изминативе години протестираа и си ги бараа своите права во делот на навремено водоснабдување за површините, субвенциите, модернизацијата, механизацијата…

-Генералната слика во македонското земјоделство споредбено 2020-2024 значи дека, метафорички кажано, нашата најголема фабрика – земјоделството е во една претстечајна постапка затоа што се помалку земјоделци, се помалку производство, се помалку егзистенција на семејствата. Тоа што значело сериозен приход во минатото за овие категории на земјоделци, денеска гледаме оди на сметка на иселувањето на селата, повеќе наши млади се иселуваат наместо да ја продолжат традицијата на земјоделско производство, истакна тој.

Целото интервју може да го отворите и прочитате на овој линк во КУРИР.