Бројот на руските туристи во Турција во периодот од јануари до мај 2018 година се зголемил за 49,6 отсто и зазема лидерско место по број на посети, соопшти Асоцијацијата на туроператори на Русија.

Според податоците на турското Министерство за култура и туризам, од јануари до мај земјата била посетена од речиси 11,5 милиони странски туристи или за 30 проценти повеќе во споредба со истиот период во 2017 година. Просечно секој десетти турист е од Русија. Во наведениот период во Турција престојувале 1,39 милиони руски државјани.

Асоцијацијата наведува дека втор по број на посети е германскиот пазар – 1,1 милион лица или за 28 отсто повеќе во споредба со 2017 година.

На трето место се наоѓаат туристите од Иран – 980 илјади или 26,3 проценти повеќе во споредба со 2017 година. Во првите пет држави според бројот на туристи во Турција се, исто така, Грузија со 854 илјади лица и Бугарија со 777 илјади.