Не постои „Дерби на Италија“ без трето полувреме и полемики. Така беше и по дуелот на „Сан Сиро“, кој заврши со победа на гостите од Торино со 0:1 (0:1).
Моментот заради кој се коментира и часови по натпреварот е зачетокот на акцијата која го донесе единствениот гол, а во која Рабио и Влаховиќ ризикуваа игра со рака.
„По натпреварот во Монца ветивме дека нема да зборуваме повеќе за судиите, иако бевме груби оштетени. Сепак, вечерва се случи нешто слично. Нема ни што да се коментира, играта со рака е 100% евидентна и акцијата е нерегуларна. Интер заслужува респект. Не можеме ниту нормално да зборуваме за натпреварот по една ваква грешка“, рече тренерот на Интер Симоне Инзаги .