Тренерот на Лацио, Симоне Инзаги ги сподели своите очекувања за првиот дуел од осминафиналната пресметка со Баерн Минхен во Лигата на шампионите.
– Овој натпревар е кулминација на петгодишната работа со овој прекрасен тим. Ќе се обидеме да го покажеме нашиот најдобар фудбал и да уживаме во него. Баерн ја освои Лигата на шампионите, а потоа и Светското клупско првенство. Претпочитам да се фокусирам на мојот тим, а не на слабостите на противникот. Во текот на нашето патешествие, имавме многу финалиња, така што знаеме како да се подготвиме за вакви натпревари, го цитира Инзаги официјалната веб-страница на УЕФА.
Средбата ќе се одржи вечер во Рим со почеток во 21 часот.