Вкупно 204 мигранти умреле во морето во близина на Либија за време на викендот со што бројот на мигранти кои се удавиле во Медитеранот годинава достигна повеќе од 1.000, соопшти денес Организацијата за миграции на ОН (ИОМ).
„Од петок до недела околу 1.000 мигранти се вратени на либискиот брег од либиската крајбрежна стража, кои пресретнувале мали бродови кои биле насочени кон отворено море“, се вели во соопштение на ИОМ.
Мал гумен брод натоварен со мигранти потонал источно од Триполи, а се проценува дека 41 лице било спасено.
Три бебиња биле меѓу 103 жртви на потонат брод во петокот.
-Ова е алармантно зголемување на загинати во морето кај либискиот брег-изјави Отман Белебиси, шефот на ИОМ во Либија.
Според ИОМ, од почетокот на годинава околу 45.000 мигранти и бегалци годинава влегле во Европа.