Во Европската унија многу работи станале најобичен пазар и веќе таквите пазарења, па дури и кога се во прашање бегалци и азиланти, не се ни кријат.

Последен пример за тоа е „најдолгата ноќ“, како што се нарекуваат преговорите за проблемот со мигрантите кoјa завршилa во рани со догoвор познат како „се договоривме, дека всушност ништо и не сме се договориле конкретно“,

Но, сепак, извесен договор е направен. Ако германската канцеларка Ангела Меркел, не можела да ги убеди во планот земјите од Вишеградската група – Унгарија, Чешка, Словачка и Полска, тоа сепак, и успеало со грчкиот премиер Алексис Ципрас. Договорот меѓу Атина и Берлин наводно е од корист за двете страни – за Меркел тоа е поддршка во својата внатрешна битка, „но и олеснување за цела Европа“, додека за Ципрас е да се спаси некое евро во време на голема финансиска криза и политички превирања предизвикани и од Преспанскиот договор.

Според Ципрас, Германија и Грција заеднички ќе го затворат балканскиот коридор, иако таа рута веќе е добро затворена и обезбедена. Грција се обврзува да прифати назад азиланти и околу 3.000 лица кои ќе се вратат од Германија да ги стави на програма за соединување со семејствата.

За возврат, Меркел, која постојано ја притиска Атина да штеди не само во евра, туку и во центи, му попуштила на Ципрас на островите на кои ќе се отворат жешки точки, односно прифатни бегалски центри, да бидат ослободени од ДДВ. Познато е дека повеќе од тие острови се популарни туристички дестинации, па и парите што ќе се ослободат по таа ставка нема да бидат за потценување.

А, не треба да се заборави ниту на тоа дека мерката е популситичка, особено што во Грција атмосферата оди во насока на предвремени избори.

И политичките кругови околу Ципрас признаваат дека барањето за укинување на ДДВ упатено до претседателот на Европската комисија, Жан Код Јункер, не би поминало без аминување од Меркел.