Институтот за Политички Истражувања од Скопје (ИПИС) спроведе кратко телефонско истражување во периодот помеѓу 23 и 26 мај 2023 на 1112 полнолетни испитаници на ниво на Република Македонија.
Во истражувањето граѓаните ги изразуваа своите ставови за нивната поддршка за политичките партии и политичари, како и за одредени актуелни прашања.
Според резултатите, ВМРО-ДПМНЕ е убедлив победник на следните избори, а граѓаните имаат најголема доверба во Христијан Мицкоски.
Доколку следната недела има избори, 20% од граѓаните би гласале за ВМРО-ДПМНЕ, а за СДСМ гласот би го дале 12,9% од гласачите.
Меѓу политичарите, Христијан Мицкоски ужива најголема доверба кај граѓаните на Република Македонија.
Во него имаат доверба 13,5% од испитаните лица, а во Димитар Ковачевски само 5%.
Заради запазување на релевантноста и непристрасноста на истражувањето, беше креиран непристрасен и објективен прашалник врз база на кој подоцна беше спроведена анкетата.
Истражувањето беше реализирано со користење на случаен примерок кој беше стратификуван за да се запази репрезентативноста на населението во Република Македонија. Во него беа запазени демографските специфики на населението како полова структура, старосни групи, степен на образование и етничка припадност, со соодветна поделба на испитаниците според местото на живеење и изборната единица, со тоа што Скопје беше земено како посебна целина заради своите посебности.
Истражувањето е спроведено за потребите на ИПИС со цел да се анализираат рејтинзите на партиите.
нкетата е финансирана од сопствени средства на ИПИС.