Премиерот на Ирак, Мохамед Шија Ал Судани денеска соопшти дека главниот командант на ИСИС (Исламска држава) во Ирак е убиен.
Според него, самопрогласениот гувернер на Ирак и уште осум терористи биле убиени за време на антитерористичка операција во планините Хамрин во североисточниот дел на Ирак.
„Нема место за терористите во Ирак и ние ќе ги гониме до нивните засолништа и ќе ги елиминираме додека земјата Ирак не се исчисти од нив и нивните грешни дела“, рече Ал-Судани.
ИСИС ја презеде контролата врз провинциите Мосул, Салах Ал-Дин и Ал-Анбар, како и делови од Дијала и Киркук во јуни 2014 година. Овие области беа повторно заземени во следните години. Поранешниот ирачки премиер Хајдер Ал-Абади прогласи победа над групата на 9 декември 2017 година.
Иако поминаа седум години откако ИСИС беше протеран од Ирак, групата продолжува да ги напаѓа руралните области во неколку провинции.