Најмалку 10 ракети денеска беа истрелани кон ирачката воена база во западен Ирак, каде се стационирани коалицициските трупи предводени од САД, рече портпаролот на коалицијата.

Ракетите ја погодија воздушната база Аин ал Асад во провинцијата Анбар во 7:20 часот, по локално време, изјави портпаролот полковник Вејн Марото. Засега не е познато дали има жртви.

Тоа беше првиот напад откако САД минатата недела извршија удари на проиранските милициски сили долж границата Ирак-Сирија.

Американскиот напад беше одговор на серија ракетни напади насочени кон американските сили, вклучително и оној што уби изведувач од Филипините, ангажиран од коалицијата, пред аеродромот во градот Ербил во северен Ирак

По тој напад, Пентагон рече дека ударот е „пропорционален воен одговор“ преземен по консултација со коалициските партнери.

Марото рече дека ирачките безбедносни сили водат истрага за денешните ракетни напади.