Иран поднесе барање за приклучување кон групата БРИКС, објавија иранските медиуми.

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи Саид Хатибзадех изрази надеж дека членството на Иран во БРИКС ќе донесе дополнителни придобивки за сите страни.

Во исто време, портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, објави дека и Аргентина поднела барање за членство во БРИКС.

Но, аргентинските власти сè уште не ја потврдиле или демантирале кандидатурата.

БРИКС е економска алијанса чии членки се Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка.