Иранските власти спасиле 23 странски членови на екипажот на танкер што се судрил со друг брод во Ормуската Теснина, северно од островот Кешм.

Според информациите, товарниот брод претрпел сериозни оштетувања во сударот и почнал да тоне, по што капетанот наредил итна евакуација на екипажот.

Сите 23 морнари биле успешно спасени и пренесени на островот Кешм.