Во Иран се уапсени пет лица под обвинение дека биле дел од наводната израелска шпионска мрежа, објавија денеска иранските медиуми.
Тоа е второ апсење шпиони во Иран во рок од една недела. Лидерот на мрежата и четворица негови соработници се уапсени поради што биле поврзани со израелскиот режим и наводно во контакт со шефот на израелската разузнавачка агенција Мосад, за која собирале информации од важни и витални области.
Полуофицијалната Иранска работничка новинска агенција (ИЛНА) објави дека шпионска мрежа е обвинета за подметнување пожар и била обучена да врши терористички акти и саботажа, а за своите активности добивала пари и поседувала напредна опрема, мобилни телефони и сим-картички.
Не е соопштена националноста на осомничените шпиони.