Иранската војска почна воени вежби во крајбрежната зона на Оманскиот залив, јави денеска државната телевизија, на помалку од еден месец пред продолжението на разговорите за нуклеарната програма со Западот.
Како што јавува телевизијата во воените вежби учествуваат единици на морнарицата, воздушните и копнените сили, а се споведуваат на површина од повеќе од еден милион квадратни километри источно од стратегискиот Ормушки теснец.
Низ Оманскиот залив и Индискиот океан минува речиси 20 проценти од нафтениот транспорт на нафта.
Со унилатералната одлука на тогашниот американски претседател Доналд Трамп, САД во 2018 година се повлекоа од договорот за нуклаерната програма од 2015 година, што беше постигнат меѓу Исламската република и големите сили, по што повторно воведоа санкции кон Иран, земја која постепено престана да ги почитува ограничувањата воведени според договорот.
Државната телевизија објави дека бригади, вклучувајќи командоси и пешадија, се распоредени за годишните вежби. Во вежбите ќе бидат користени борбени авиони, хеликоптери, воени транспортни авиони, подморници и беспилотни летала.
Воената вежба „Зулфагар 1400“ има за цел да ја подобри подготвеноста на земјата за справување со странските закани и можната инвазија, јави државната телевизија.