Нови податоци објави иранската хакерска група „Татковинска правда”, овој пат од базата на податоци за албански автомобили.
Во објавата има список на возила, број на шасија и мотор, марка на возилата, регистарска табличка, име и презиме на сопствениците и местото на живеење.
Хакерите кои владините системи ги нападнаа на 15 јули а оние на Министерството за внатрешни работи, вклучително и ТИМС системот на граничната полиција, вечерта на 9 септември, редовно објавуваат податоци, фотографии и видеозаписи од полициските камери.
Објавија и пораки од електронските пошти на министри, како и имиња на 105 илјади албански граѓани осомничени за криминални активности.
На нивната веб-страница групата деновиве објави податоци за премиерот Еди Рама, а пред тоа и за директорот на албанската тајна служба, ШИШ, Хелидон Бендо.