Техеран денеска соопшти дека американската влада блокирала домени на неколку медиумски портали поврзани со иранските власти, под неразјаснети околности.
Иранската државна агенција ИРНА објави дека Министерството за правда на САД блокирало веб-домени на неколку портали. Еден од нив, порталот на сателитскиот канал Ал Масирах, зад кој стојат јеменските бунтовници Хути поврзани со Иран, призна за блокиран домејн од американското Федерално биро за истраги (ФБИ).
Хутите наведоа дека страницата е затворена без предупредување и додадоа дека ќе ја продолжат мисијата „со сите средства да се спротивставуваат “.
Во пораката се наведува дека страниците се блокирани „како дел од акцијата на безбедносните сили“ од три агенции на американската влада, од кои едната е ФБИ.
Американските власти досега не соопштувале за блокирање на домени на веб-страници, што се случи во време на зголемени тензии меѓу Вашингтон и Техеран околу меѓународниот нуклеарен договор меѓу Иран и големите сили од 2015 година.