Во најновата анкета на Ири, испитаниците се прашани и за тоа која телевизија е нивен прв избор за гледаност, а која втор и трет избор. Според одоговорите, најгледана телевизија е Сител, со вкупен скор од 45 од кои кај 23 отсто е прв избор, потоа следи Канал 5 со 44 отсто, но и само 13 отсто како прв избор, а на трето место е Телма со 20 отсто од испитаниците од кои само кај 5 отсто е прв избор. Потоа следат и другите телевизии, а МТВ останува со слаб рејтинг дури на 7-то место.