Триесет и девет годишната скопјанка Б.И. вчера пријавила дека околу пладне исчезнал нејзиниот 12-годишен син, соопшти полицијата.

На 14 јули 2018 година во Полициско одделение Петровец, Б.И.(39) од Скопје пријавила дека околу 12 часот исчезнал нејзиниот 12-годишен син, кој се оддалечил од нивната семејна куќа и заминал во непознат правец.

Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.