Исчезна 11 годишно девојче во Грција- активиран е Amber alert, животот ѝ е во опасност
Организацијата The Smile of the Child активира килибарна тревога поради исчезнување на 11-годишно девојче од селото Миртија во областа Илија во западниот дел на Грција.
Како што пренесе ТВ Канал 5, Василики Николопулу (11) исчезнала вчера вечерта во 21 часот и 10 минути.
За исчезнувањето на девојчето денеска била информирана организацијата The Smile of the Child и веднаш по наредба на обвинителот бил активиран механизмот за тревога Амбер бидејќи постојат причини да се верува дека нејзиниот живот е во опасност, јавуваат грчките медиуми.
Василики има кафена коса и кафени очи, висока е 150 сантиметри и со нормална тежина.
На денот на нејзиното исчезнување носела бел фустан и бели влечки.
Секој кој има информации за девојчето се замолува веднаш да ја извести организацијата или да се обрати во полиција.