Нема скандал а во тоа да не се замешани кланот Заеви и Венко Филипче. И во последниот случај со заплената на над 40 тони марихуана повторно се вплеткани имињата на Зоран Заев и Филипче. Заев сам ја потврди поврзаноста брзајќи да се оправда и да си ја тргне мувата од капата, се вели во партиското соопштение на владејачката партија.

Наместо да се извини Заев на граѓаните за целиот криминал, тој индиректно си ја призна вмешаноста обидувајќи се да се одбрани и оправда пред јавноста. На Заев и СДС одамна веќе никој не им верува а неговите објави на социјалните мрежи и нервозните реакции само покажуваат колку директно е погоден за случајот со запленетата марихуана. Факт е дека темелите на бизнисот за марихуана ги постави владата на Зоран Заев во 2020 додека Филипче беше министер за здравство. Факт е и дека околу 70 проценти од запленетата дрога деновиве, е на фирма во сопственост на луѓе на Заев. Станува збор за фирма на лице кое било претседател на општинскиот одбор на СДС во Ново село. Тоа е Тони Котев познат како Мгчев кој пак бизнисите ги води со Вице Заев. Каде се се јавувал Заев при запленета на петте тони дрога во Србија, зошто набрзина Филипче се упатил кон југ? Прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

ЈО да ги истражи сите аспекти, меѓу кои и поврзаноста на Заев и Филипче, додаваат од владејачката партија.