Кинеската војска денеска соопшти дека спроведе воени вежби околу Тајван, јави кинеската државна телевизија.

Вежбите се насочени кон „погрешниот сигнал“ што САД го испратија во врска со Тајван, информираше портпаролот на источната команда на Народноослободителната армија на Кина.

Група од шест американски конгресмени, вклучително и претседателот на Комитетот за надворешни односи на Сенатот, Боб Менендез, пристигнаа вчера на Тајван во дводневна посета, јавија медиуми.

Како што коментираат дел медиуми, САД немаат формални односи со Тајван, а Кина го смета за своја територија, но, се негов најважен меѓународен спонзор и снабдувач на оружје.