На аеродромот во Штутгард значително се зајакнати безбедносните мерки, соопшти денеска портпаролот на полицијата, несакајќи да ги коментира наводите на медиумите дека на аеродромот биле забележани „осомничени исламисти“.

– Не можам ниту да ги потврдам, ниту да ги демантирам наводите на медиумите, изјави портпаролот на полицијата во Штутгард. Тој дополни дека за случајот, штудгардската полиција ги известила сите поголеми аеродроми во земјата. ссм/

Локалните медиуми објавија дека на аеродромот се забележани лица кои се однесувале сомнително.