Исламската екстремистичка група Боко Харам минатата недела објави видео, во кое се прикажува егзекуција на двајца христијани во Нигерија.

Лоренс Дуна Дацигир и Годфри Али Шикагам, двајцата членови на црквата Христова во нигериската провинција Плато, се прикажани како клекнуваат, а тројца мажи маскирани и вооружени стојат зад нив, во видеото објавено на 22 септември на веб-страницата на новинската агенција Амак Боко Харам.

Двајца млади христијани, кои отишле во Мајдугури за да помогнат во изградба на засолништа за луѓе протерани од исламско екстремистичко насилство, биле застрелани од зад грб.

Говорејќи на јазикот Хауса, еден од тројцата терористи во видеото вели дека се заветиле дека ќе го убијат секој христијанин што ќе го фатат во знак на одмазда за убиените муслимани во религиозните судири во Нигерија.

Давигир и Шикагам, по потекло од областа Мангу во провинцијата Плато, беа заробени од Боко Харам додека ја извршуваа својата работа во камповите за раселени луѓе.

Не е јасно од видеото, објавено на YouTube, кога двајцата биле егзекутирани.