Врз Македонија се врши политичко насилство! Не ги затворајте очите пред неправдата. Застанете на страната на Македонија, апелира исламскиот теолог, филозоф и дипломат Шеик Имран Хосеин.
Тој во видео обраќање од Ереван каде што е во посета на Ерменија упати повик до муслиманите да застанат на страната на Македонија и да не поддржуваат крвопролевање.
Хосеин, кој е дипломат при Министерството за надворешни работи на Владата на Тринидад и Тобаго, во видео обраќањето најави посета на Македонија и се осврна актуелните случувања во Македонија, по француски предлог, кој, спиред Хосеин претставува политичко насилство врз Македонија.
Тој апелира муслиманите во Македонија да застанат во одбрана на Македонците и да ги одбијат уцените од ЕУ и Бугарија.
– Македонија сега е брутално нападната. Кој било човек што зборува на некој јазик, знае дека ние сме сопственици на нашиот јазик, па така и македонскиот народ го поседува правото на сопственост на својот јазик. Очигледно станува збор за грубо политичко насилство, штом се принудени да прифатат дека нивниот јазик е дијалект на некој си друг јазик. Ова претставува политичко и лингвистичко насилство. И не само што тоа треба да биде осудено, туку, ние муслиманите од целиот Балкан, мора да застанеме во поддршка на онеправданите. Кристално јасно е дека Македонија е угнетена и врз неа се врши политичко насилство. И функцијата, должноста на муслиманот е да застане во одбрана на угнетуваните, и да пружи отпор на угнетувачот, порачува Хосеин.
Целото видео кое е титлувано и на македонски јазик може да го отворите и ТУКА.