Сè уште е табу тема, но во реалноста честа е приказната за девици во четвртата деценија. Меѓу таквите приказни е и искуството на една жена од Нов Зеланд, која има 33 години, а која даде исповед за порталот „Стаф“.

„Јас сум девица и мислам дека премногу се плашам од сексуален однос. Од мала, како и многу други, сонував за брак и деца. Како помлада жена решив  првиот сексуален однос да го имам во брак. Ни денес не сум сигурна зошто, но мислам дека причината беше верата, вели таа.

За време на факултетот, имала неколку врски, но од милување и прегрнување не отишла подалеку. Невиноста или стравот од секс, за неа станал голем товар,  кој повеќе не може да го носи.

Нејзината ситуација е дополнително ја комплицира фактот што таа не крие од мажите дека е невина (не ни треба), но нив тој податок ги одвраќа и ги оддалечува од неа.
Психологот ѝ рекол дека не треба да се срами од тоа да биде девица и дека во односот со мажите треба да биде искрена, но и директна,  со јасна желба дека навистина сака секс.

Случајот со девојката од Нов Зеланд не е реткост во Австралија, бидејќи истражувањето спроведено во 2016 година покажало дека 26 проценти од испитаниците сметаат дека може да има добри односи и добар брак без сексуални односи.