Многу сум горд што германската компанија на иднината за електрични автомобили, која веќе произведува, главното производство ќе го прави во Бугарија. Ова го изјави министерот за економија Кирил Петков на 10 јуни 2021 година, а е објавено на сајтот на Министерството за економија на Бугарија (Петков станува премиер на 13 декември 2021). Во објавата понатаму се вели:

Петков денеска со претставници на германскиот производител на електрични автомобили Next.e.GO Mobile SE потпишаа документи со кои се финализира постапката за започнување на инвестицискиот проект на компанијата во Бугарија.

Министерот Петков рече дека нашата земја е претпочитана во конкуренција на други европски земји. „Всушност, тие ја избраа Бугарија бидејќи голем дел од додадената вредност и добавувачите се од тука. Затоа функционираат кластерските стратегии, кога имате добавувачи лоцирани на неколку километри од вас, шансата да се направи фабриката е многу поголема“, коментира министерот за економија.

Според него, целата алуминиумска конструкција, кабли и софтвер ќе се произведуваат во нашата земја. „Во Бугарија има потреба од вакви инвестиции со висока додадена вредност, извозно ориентирани компании, со идеја да расте и да се претвори земјата во центар за електрични автомобили“, додаде тој.

Германската компанија ќе инвестира и ќе ја изгради во Ловеч првата фабрика од ваков вид за електрични автомобили во земјата. Инвестицијата е резултат на успешната соработка и работа на Министерството за економија, автомобилскиот кластер Бугарија, приватни инвеститори и институции во Бугарија и Германија. Министерот за економија Кирил Петков и претставници на компанијата ги покажаа и тестираа автомобилите пред медиумите.

Очекуваната инвестиција на компанијата, која ќе работи во Бугарија Next.e.GO Bulgaria AD, ќе биде во износ од над 280 милиони лева (140 милиони евра кои ќе ги обезбеди бугарската Влада, н.з.) и капацитет за производство на над 30.000 електрични автомобили годишно. Проектот ќе се реализира на дел од локацијата на фабриката Балкан АД во Ловеч, каде што во минатото се произведуваа некои од првите автомобили, велосипеди, мотоцикли и авиони во Бугарија.

Next.e.GO Mobile SE, со седиште во Ахен, Германија, е производител на електрични возила и системи за одржлива мобилност. Во Бугарија се планира да се произведуваат следните модели: e.GO Life 70, e.GO Life Sport, e.GO Life Cross:

Меѓу добавувачите на компоненти за првична инсталација на Next.e.GO се најпрестижните германски производители од Tier 1 како Bosch, Continental, ZF, Hella и многу други. Погонскиот систем е специјално развиен од Bosch за e.GO Life и се очекува да има животен век без одржување од над 20 години. Дополнително, автомобилите e.GO ќе ги сервисираат стотиците Bosch Car Service лоцирани во секој поголем град во земјата.

Планирано е да се изгради автомобилска фабрика од последната генерација со помош на технологиите на Next.e.GO Mobile SE и Техничкиот универзитет Рајна-Вестфалија во Ахен, а дизајнот е практично веќе започнат, а самата изградба ќе се изврши во рекордно време , повеќе до крајот на следната година.