Како што јави Канал 77 над 90 отсто од членовите во 18 синдикални единици кои се во штрајк во Штип се изјасниле против прекин на штрајкот, поради што претседателот на регионалниот советна СОНК Марјан Костадиновски изјавил дека не ја прифаќаат понудата на Владата.
„Со исклучок на градинката „Астибо“ и основното училиште во Карбици сите останати училишта и градинки во Штип ја одбија понудата“, објави Канал 77.
Сега се очекуваат резултатите од Пробиштип каде освен во градинката сегде трае штрајкот и неофицијално нема расположение кај вработените да го прекинат.
Претседателот на Регионалниот синдикат за образование, Маријан Костадиновски.
„Зголемувањето на платите само за 12 насто, кое ќе важи од втората половина на годината, е неодржливо и е понижувачко за вработените во училиштата. Тие инсистираат сериозно да се сфатат нивните барања и сдпоред нив, наредните седници на СОНК да бидат јавни и во преговорите со Владата автентично да се пренесува мислењето на членството“, вели Костадиновски.
Локалните медиуми објавија и за утрешниот штрајк, а по социјалните мрежи учениците ја споделуваат информацијата дека и утре ќе нема настава.