Од 470 синдикални организации во рамки на СОНК, 378 се изјасниле за продолжување на штрајкот, а 83 за прекинување на штрајкот. Најголемиот дел од организациите за прекинување на штрајкот биле од градинките, додека во основното и средното образование биле за продолжување на штрајкот. Оттука, штрајкот во градинките се става во мирување, а основните и средните училишта штрајкот продолжува, изјави Јаким Неделков по седницата на Советот на СОНК.

Тој најави и масовен протест пред Владата во среда на 4 мај 2022 година.