Папата Франциск денеска предупреди на нефлексибилните идеолошки позиции кои би можеле да ја спречат Црквата да ја види реалноста и да продолжи напред, говорејќи неколку дена откако конзервативците ја осудија декларацијата со која се дозволува благослов на истополови двојки.
Папата, кој во неделата наполни 87 години, ги даде своите коментари во традиционалната божиќна честитка до членовите на куријата, централната администрација на Ватикан. Во првите години од неговото папство, тој ги користел божиќните честитки како повод за остри критики на бирократијата, посочувајќи ги, како што тој тогаш ги нарекол нејзините „болести“.
Тој денеска ја спомена континуираната дебата меѓу прогресивците и конзервативците, 60 години по Вториот ватикански собор, кој ја внесе Црквата во современиот свет.
„Да останеме будни против крутите идеолошки позиции кои често под превезот на добри намери не одвојуваат од реалноста и не спречуваат да одиме напред. Наместо тоа, повикани сме да тргнеме и да патуваме, како мудреците, следејќи ја светлината која секогаш сака да не води понатаму, понекогаш по неистражени патеки и нови патишта“, рече папата Франциск.
Во понеделникот тој ја одобри пресудата според која свештениците можат да им даваат благослов на истополовите парови под одредени услови и се додека тие не наликуваат на брак и не се дел од црковните ритуали или литургии.
Конзервативците тврдат дека одлуката на папата за хомосексуалците може да ги „размрда темелите на верата“. Иако многумина го поздравија отворањето на благословот од страна на папата за истополовите парови, конзервативците рекоа дека тоа може да ги разниша темелите на верата, па дури и да предизвика раскол во Црквата.
Фото: МИА архива