Во едно од најдраматичните финалиња воопшто одржани на Вимблдон, овој пат меѓу Ѓоковиќ и федерер, финале кое ја „залепи“ и македонската ајвност за ТВ екраните, по четири часа игра и 2:2 во сетови, последниот, петти сет донесе изедначен број гемови за двајцата по што се играше последниот маратонски гем на поени.
Правата драма настана кога Федерер освои брејк и беше на дофат на победата со својот сервис, но Ѓоковиќ веднаш врати изнедначувајќи. Следеше игра со поен за едниот и поен за другиот, до 12:12 во петтиот сет.
Тогаш почна финалето на финалето. Ѓоковиќ поведе со 3:1, па со 4:2, следеше 5:3, и сервис на Ѓоковиќ. Поен за Ѓоковиќ и 6:3, со поен до победата и три сет топки. Но со следен сервис на Федерер. За жал на Швајцарецот,а за еуфорија во Србиај и Македонија, Ѓоковиќ го добива седмиот поен и тој уште еднаш е крал на Вимблдон.