Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во Центарот за управување со кризи (ЦУК), изминатото деноноќие бележи рекорден број повици од своето постоење.

Евидентирани се вкупно 3.159 повици, а од нив, како реални биле категоризирани 59.32 отсто, соопштија утрово од ЦУК.

– Кон полицијата биле упатени 40,51 отсто, кон Итната медицинска помош – 17,61 процент, a кон пожарникарите – 15,21 отсто од реалните повици, се наведува во соопштението.