Истрага против во гостиварец за полов напад врз 14 годишно дете

/ 03.04.2020

Гостиварското Основното јавно обвинителство донесе наредба за истрага против 67-годишник од гостиварско село за сторено кривично дело полов напад врз дете кое не наполнило 14 години.

Како што информнираат од Обвинителството, осомничениот делото го сторил во текот на вчерашниот ден (2 април), кога искористувајќи го претходното познанство со детето го повикал во простории на старото селско училиште.

Детето давало отпор и било слушнато од минувачи, кои ја отвориле вратата и не дозволиле сторителот да побегне.​​

Јавниот обвинител кој постапува во предметот  доставил до Основниот суд во Гостивар и предлог за притвор за осомничениот.


Од истата категорија