Најавените германски експерти од Федералната криминалистика (Bundeskriminalamt), денеска пристигнаа во Тетово, и ќе помогнат околу истрагата за несреќата во модуларниот ковид центар во која загинаа 14 лица, објави ТВ 21.
Владата вчера соопшти дека била потврдена поддршката од Германија за да пристигнат стручни лица со највисок степен на експертиза во истраги при несреќи за да помогнат во утврдувањето на причините за пожарот во Тетово.
Тимот кој доаѓа од Германија е со висока експертиза во поддршката при истраги, особено во делот на форензички науки, днк анализи, електронски истраги и идентификација.
Вчера беа погребани жртвите од несреќата, откако претходно беше направена обдукција и идентификација од страна на судска медицина.