Народот не сака театар од Заев, сака оставка за да има објективна истрага!

Ова се истакнува во денешното соопштение од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

-Понудената оставка од Филипче е изнудена поради притисокот од народот. Партиските инструкции за одбрана на Филипче по социјалните мрежи покажуваат дека Заев несериозно ја сфаќа задачата околу тетовската несреќа. Истрагата може да биде објективна само ако и Филипче, и Артан Груби и Заев си дадат оставка за да нема политичко влијание во самата истрага во која згаснаа 15 животи. Заев да не се крие, туку да излезе и даде одговори. Молкот внесува недоверба и покажува дека се заташкуваат и прикриваат докази, се вели во реакцијата.

Денеска е трет ден на жалост по трагедијата во тетовската болница, во која настрадаа 15 лица во пожарот што избувна во монтажниот ковид-центар.