Вработените во царинските служби се најкорумпирани, додека здравствените работници најчесто бараат мито, рекле граѓаните на Куманово кои биле вклучени во истражувањето за проценка на ранливи области на корупција на локално ниво.
Ова истражување го изработи Асоцијацијата на демократски иницијативи (АДИ) во пет општини во државата. Нивните одговори се разликуваат од граѓаните на Гостивар, Битола и Кавадарци кои за најкрумпирано го сметаат судството, а во Штип на врвот на листата се инспекциските служби, објави порталот СДК.
На прашањето од кои институции најмногу се бара мито, најголем дел од испитаниците во сите општини рекле дека дека прво е здравството, а следна полицијата.
Заедничко за сите општини е што граѓаните имаат перцепција дека корупцијата во последната деценија е многу зголемена и тоа дури за 80 отсто.
Анализата на сумираните резултати од петте општини покажала дека корупцијата во Македонија е најраспространета во судството, потоа следуваат инспекциските служби и царината, а на последно место е социјалната заштита.