Според анкетните анализи што ги објави Европската комисија македонските граѓани се најмалку подготвени од целиот Балкан да се борат за својата земја.
Како што објави порталот Независен, во истражувањето кое завршило оваа година, прашањето до машката популација е „доколку избие војна, дали сте подготвени да ја браните вашата татковина?“.
Според овие податоци само 55 отсто од граѓаните во Македонија се подготвени да се борат ако е загрозена државата.
На првото место во регионот со 87 отсто е Грција, а следуваат со 87 отсто во Словенија, и 85 отсто во Албанија.
Понатаму се Турција со 83 проценти, Бугарија со 75,5, Хрватска 74,2, Романија со 68,2, Србија со 65,9, Црна Гора (61,1) и БИХ (59,5).