Околу 53 отсто хрватски средношколци кои сакаат да студираат, сметаат дека најпосакувано место за живот и работа е вон Хрватска, се наведува во истражување за состојбата и потребите на средношколското образование и преференците на учениците.
Речиси 40 отсто ученици својата иднина ја гледаат во некоја од членките на Европската унија додека 14 отсто – во држава вон ЕУ.
Желбата за заминување од Хрватска е поголема кај успешните ученици.
Околу 80 отсто ученици кои учествувале во истражувањето, сакаат да студираат. Петнаесет отсто тоа уште не го сакаат додека помалку од четири отсто не сакаат да продолжат со школување.
Мнозинство ученици – околу 86 отсто својата лична иднина во следните 20 години ја оценуваат позитивно, додека иднината на државата – околу половина испитаници ја оценуваат негативно или многу негативно.
Во истражувањето на Агенцијата за наука и високо образование учествувале повеќе од 13.000 ученици од 59 средни училишта