Истражувањето спроведено од Советот за регионална соработка во рамки на Барометарот за јавното мислење во балканските земји, речиси половина од албанските граѓани сакаат да ја напуштат земјата.
На испитаниците од целиот Балкан им било поставено прашањето: Дали размислувате да заминете и да работите во странство? При тоа 43 отсто од Албанците одговориле со да, 52 отсто одговориле со не, додека останатите одбиле да одговорат. Повеќето од оние кои сакаат да заминат се квалификувани.
Истражувањето покажало дека жителите на балканските држави се склони да размислуваат за напуштање на својата земја.
– Први се косовски граѓани. Дури 48 отсто одговориле дека размислуваат да ја напуштат земјата и да работат во странство. Потоа следат граѓаните на Босна и Херцеговина – 44 проценти, додека помалку наклонети да заминат се Македонците – 39 отсто, додека 32 проценти од испитаниците во Србија изјавиле дека сака да заминат од земјата.
Според истиот извор албанските граѓани предничат и според бројот на баратели на азил. Повикувајќи се на последниот годишен извештај за состојбата со азилантите, објавен неодамна од Европската унија, Албанија е прва во регионот и седма во светот според бројот на баратели на азил, со 26.000 лица.
Инаку, во перидодот од 2013 до 2017 година околу 157.000 албански граѓани побарале азил во некоја од земјите членки на ЕУ. Најголем број е забележан во 2015 година или околу 69.000, додека следната година тој број е 33.000.
Споредено со бројот на жителите, произлегува дека на секој илјада жители бројот на азиланти е девет, со што земјата е на прво место во светот, ако се има во предвид дека вкупната популација изнесува 2,87 милиони.