Бројот на новинари, кои работат во американските весници е намален за 45 проценти од 2008 година и нема индикации дека ќе забави таквиот тренд, покажуваат резултатите од најновото истражување на Институтот Пју.
Истражувањето е засновано на податоци објавени од американското Министерство за труд. Во 2008 година во американските весници работеле 71.000 новинари, додека на крајот од 2007 година нивниот број се намалил до 39.000. Всушност, за десет години била укинати 39.000 работни места на новинарите.
За 27 проценти се намалени и новинарите кои работат во радио.
Во истиот период, според истражувањето, бројот на новинари вработени во телевизиите останал ист – 28.000.
Раст на новинари единствено е забележан во порталите од 7.000 на 13.000.
Но, во периодот од 2008 до 2017 година вкупниот број на новинари во САД се намалил за 23 проценти.