Германија и Франција управуваа со Европа многу долго, а италијанската влада сака да го смени тоа. За такво нешто инсистира италијанскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи, Матео Салвини.

-Франција и Германија го диктираа законодавството во изминатите 10 години, создавајќи правила прилагодени за нив, рече Салвини.

– Сакаме да ја промениме Европа со поддршка на трудот, семејството и децата како основни вредности.

За време на неговата посета на Варшава минатата недела, италијанскиот министер рече дека неговата земја и Полска би можеле да предизвикаат „европска пролет”, што би можело да ја намали доминацијата на „Германија-Франција”.