Актуелниот европски првак Италија не успеа да триумфира на гостувањето во Швајцарија во неделата вечер, но со ремито без голови на дуелот во Базел во рамки на мундијалските квалификации во групата Ц, Азурите го нанижаа 36. натпревар без пораз со што поставија нов рекорд во светскиот фудбал.
Италија, предводена од селекторот Роберто Манчини, последен пат беше поразена во септември 2018 година од Португалија (0:1) во Лигата на нации.
Италијанците беа блиску до триумф на синоќешното гостување во Базел и пропуштија неколку изгледни шанси за гол, од кои најзрелата беше во 57. минута кога Жоржињо не реализираше од белата точка.
Најдолги серии без пораз:
36 – Италија (2018-)
35 – Бразил (1993-1996)
35-Шпанија (2007-2009)
31 – Аргентина (1991 – 1993)
30 – Италија (1935 – 1939)
30 – Франција (1994 – 1996).