Селекторот на Италија, Роберто Манчини ги осуди навивачите за свирежите упатени кон голманот Џанлуиџи Донарума, синоќа за време на полуфиналето на Лигата на нации на УЕФА против Шпанија (1:2).

– Се разбира, ваквата постапка не му се допадна ниту на Џиџи ниту на некој друг во репрезентацијата. Сепак, Донарума добро се снајде. Ние сме вознемирени затоа што тоа беше репрезентативен натпревар, а не клупски натпревар. Навивачите можеа да го зачуваат сето ова за друга прилика. На пример, средбата ПСЖ – Милан, бидејќи италијанската репрезентација е пред сè и над сè, го цитира Манчини „Фудбал Италија“.

Во летото 2021 година, Донарума се приклучи на ПСЖ од Милан како слободен агент, одбивајќи неколку понуди да го продолжи договорот со италијанскиот клуб