Македонскиот фудбалски репрезентативец Илија Несторовски ќе биде нов играч на Удинезе, објавија италијанските медиуми.
– По Мато Јајало, на „Фриули“ доаѓа и Илија Несторовски, досегашен напаѓач на Палермо. Удинезе и минатото лето се обиде да го ангажира Несторовски, но не му успеа. Сега ја доби трката по играчот победувајќи ги конкурентите Болоња и Торино, пишува „Спортиталија“.
Дваесет и деветгодишниот Македонец во Италија е од 2016 година кога пристигна во Палермо. Претходно играше за Интер Запрешиќ, Металург, Викторија Жижков, Словачко и Победа.
Од 2015 година е редовен во македонската репрезентација.