Поради обилните врнежи од снег, илјадници возила останаа блокирани на автопатот, кој ја поврзува североисточна Италија со Австрија, во колона долга 16 километри. Спасени се околу 200 заглавени луѓе.

Портпаролот на пожарникарско-спасувачката служба на покраината Болцано изјави дека е тешко да се процени колку возила има во колоната, но наведе дека ги има илјадници, пренесува Ројтерс.

Според неговите зборови, со пожарникарски возила евакуирани биле 200 лица од блокираните возила, во екстремно ладно време.

Поради невремето се излизгани повеќе товарни возила кои немале соодветна опрема за зимски услови. Порди излизгување многу од нив го блокираат коловозот и сообраќајот.

Изутрина лавина се урна на истиот автопат, но за среќа во тој момент на тој дел немало возила.

Сообраќајот малку е нормализиран во доцните попладневни часови, но голем број возила и натаму се заглавени.

Нема податоци дали има повредени.