Италијанецот Ламонт Џејкобс го освои златниот медал на Олимписките игри во Токио, во трката на 100 метри. Тој најбрзата спринтерска трка ја заврши со време 9,80 секунди што е негов личен рекорд.

Среброто отиде кај Фред Карли од САД со време 9,84.

Третото место и бронзениот медал го освои Андре де Грас од Канада – 9,89 секунди.

Италија во период од само неколку минути освои две златни медали.

Пред Џејкобс, радост на „Аѕурите“ им донесе и Џанмарко Тамбери во дисциплината скок во височина.