Студијатата на националниот здравствен систем на Италија покажа дека повеќе од 99 проценти од смртните случи од коронавирусот во оваа земја се лица кои претходно имале и други сериозни медицински состојби.

Откако бројот на починати достигна повеќе од 2500, со пораст од 150 отсто во изминатата недела, здравствените власти детално ги анализираат податоците, со цел да обезбедат важни иформации за да се помогне во борбата против ширењето на болеста.

Владата во моментов прави проценка дали од почетокот на април ќе продолжи карантинот на целата земја, посебно поради фактот дека таму веќе има 35.713 инфицирани со вирусот, а бројката на починати интензивно се ближи до онаа во Кина.

Во најбројната земја во светот, каде има речиси 81.000 случаи на коронавирус, починаа 3.245, а Италија во моментов брои 2.978 жртви.

Просечната старост на оние кои починале од Ковид-19 во Италија 79,5. Но, има и 17 починати кои се помлади од 50 години, но исто така со сериозни медицински состојби. Според податоците на Фондацијата ГИМБЕ, со вирусот се заразени околу 100.000 Италијанци, пишува весникот „Ил Соле 24 Оре“, што би ја довело смртноста на земјата близу глобалниот просек од околу 2 отсто.

Во светот коронавирусот продолжува драматично да се шири на европското тло, а Италија е повторно земјата со најмногу смртни случаи, каде само за 24 часа починаа 475 луѓе.