Италијанскиот министер за внатрешни работи Матео Салвини, потврдил дека бродот Лајфлајн со 200 мигранти на него, нема да може да влезе во било кое пристаниште на неговата држава.
Бродот е изнајмен од истоимена германска невладина организација и денска стоел на околу 30 морски милји од водите на Малта чекајќи упатства каде да тргне.
„Јас можам да кажам дека бродот нема да влезе во италијанско пристаниште“, рекол Салвини по враќањето од краткиот пат во Триполи, Либија.
Салвини им објави војна на невлдините организации кои ги собираат мигрантите во близина на либискиот брег и потоа со нив се упатуваат кон Европа, пред се кон Италија.
Интересно, Лајфлајн плови под холаднско знаме, а е најмен од германска организација, но мигрантите не ги носи ниту во Холандија, нит во Германија.
Салвини во својата изјава рекол и дека француската министерка Натали Лоисе нема поим што зборува. Лоисе претходно истакнала дека Италија мора да го прифати бродот зашто такво било меѓународното право.
„Француската министерка нема поим во смисла на тоа дека не ја знае ситуацијата на бродот кој целосно ги игнорирал предупредувањата на либиската и италијанската стража. Тој брод е надвор од законот и треба да биде запленет“, рекол Славини не споменувајќи го името на Лоисе.
Претходно Италија веќе одби да прими друг брод со мигранти од Либија, кој потоа се упатил кон Шпанија.